Руска временска прогноза за Сирија: Идеално време за бомбардирање (видео)

Во Сирија во октомври ќе има идеално време за бомбардирање. Вака, водителката на временската прогноза на руската државна телевизија „Росија 24“ ги извести денес гледачите за временските прилики во Сирија, каде руската војска ги бомбардира позициите на Исламска држава.

Таа стоејќи пред сликата на воен авион и насловот „Временски услови за летање“ водителката со сериозен израз на лицето ја изнесе анализата за совршените услови за бомбардирање.

Слабата облачност нема да го отежнува летањето и нема да влијае врз функционирањето на системот за нишанење, рете таа и додаде дека ескперите укажуваат дека времето на почетокот на воздушната кампања во Сирија е добро избрано.

Во четвртокот, по првите напади на руските авиони каналот „Росија 24“ прогнозираше сончево време и стабилни метеоролошки услови.