Руска жива барбика: Позира полугола, но не смее да има момче

Ангелика Кенова, дваесет и шестгодишен модел од Русија е уште една девојка која наликува на жива барбика.

Таа сеуште живее со нејзините родители кои се навистина строги.

-Родителите ме пораснаа како принцеза и никогаш не ми дозволуваа да излегувам ниту да се гледам со мажи. Како резултат на таквото растење јас не сум подготвена за вистински живот, туку сум како некој вид на жива кукла, вели Ангелика.

Ангелика од малечка се облекувала како кукла, а можела да излезе од дома само ако и нејзината мајка Наталија појдела со неа.

Како парадокс на ваквото растење стои фактот дека Ангелика, која тврди дека покрај манекенка и балерина, позирала полугола за многу магазини, а нејзините родители го одобриле тоа.

Оваа жива барбика тврди дека нејзиниот изглед е целосно природен, а на социјалните мрежи освоила илјадници фанови.

-Никогаш не сум имала ниедна пластична операција, тврди Ангелика која и ден денес не може да излезе на состанок со маж доколку тоа не го одобрат нејзините родители.

-Моите родители не сакаат да се преселам од семејната куќа. Дури ниту облека не купувам без мојата мајка. Таа инсистира да доаѓа со мене на состаноци, па така секогаш резервирам место за тројца и засега немам момче, раскажува Ангелика.

-Ми се допаѓа тоа што личам на Барби, таа им е идол на девојчињата ширум светот, заклучува таа.

b1

b2

b3

b4