Руската армија го најавува најголемиот носач на авиони досега

Проектот е се уште во подготвителна фаза, но јавноста веќе ги виде првичните скици. Се знае за изгледот на бродот и неговиот капацитет на носивост од 90 авиони и 4.000 луѓе како екипаж.

Пловилото ќе користи органско гориво или пак некаква комбинација од гас и атомска енергија.

Предвидени се четири писти за полетување.

За изработка на бродот ќе бидат потребни од три до шест години, предвидуваат стручните лица вклучени во проектот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.