Руската армија почна воена вежба истовремено со меѓународните маневри на НАТО

Балтичката флота, воздухоплово-десантните единици и припадници на Военото воздухопловство на Русија започнаа воена вежба во Калининградската област под раководство на командната на Западниот воен округ, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„Воените вежби се спроведуваат истовремено со започнатите меѓународни маневри во Европа. Бројот на вклучените сили и средства во вежбите во Калининградската област од страна на руското Министерство за одбрана може да се спореди со бројот на личниот состав, оружјето и воената техника, кои се ангажирани во пограничните маневри спроведени од страна на НАТО“, се наведува во соопштението.

Во руските воени вежби учествуваат бродови, единици на воздухопловно-десантните сили и на противвоздушна одбрана, како и ловци-бомбардери Су-34, хеликоптери Ми-24 и бомбардери Ту-22М3.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.