Руската авијација ликвидрала уште 80 борци на ИД во Сирија

Руските борбени авиони во Сирија ликвидирала повеќе од 80 борци на џихадистичката организација Исламска држава (ИД) кои се обиделе да го напуштата градот Рака ноќта од 29 кон 30 мај, соопшти во четвртокот министерството за одбрана на Русија.

Користејќи ја закрилата на ноќта три конвои возила на Исламската држава од Рака, самопрогласената престолнина на „калифатот“ што го прогласи оваа ултрарадикална сунитска организација, се упатиле во јужна насока од неколку правци. Меѓутоа, во оваа област од изминатата седмица извонредно се активни руските беспилотни летала, по што следел напад на руската авијација стационирана во Сирија, пренесува агенцијата РИА.

Терористите загубиле повеќе од 80 борци, 36 возила, осум цистерни и 17 пикапи со минофрлачи со голем калибар, како и големо количество пешадиско оружје, соопшти руското министерство за одбрана.

Во извештајот се наведува дека терористите се повлекуваат од Рака преку реката Еуфрат, каде што се во опкружување од единиците на Сириските демократски сили (SDF) – арапско-курдската коалиција – помогнати од воените сили на САД, Велика Британија и Франција.

Ова е втор обид оваа седмица за пробивање на борците на Исламската држава од Рака во насока на градот Палмира. Првиот конвој руската авијација го уништи на 25 мај.

Москва, којашто е сојузник на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад, објави дека „ќе ги преземе сите неопходни мерки за да спречи пробивање на силите на Исламската држава кон покраините Хама и Хомс“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.