Руската Државна дума ја ратификуваше спогодбата за пристап на Крим кон Русија

Руската Државна дума денеска ја ратификуваше спогодбата за пристапување на Крим кон Русија и за формирање на нови субјекти во составот на Руската Федерација, пренесе „Интерфакс“.

За ратификација на документот гласаа 443 пратеници, а само еден гласаше против.

Договорот меѓу Крим и Русија беше потпишан во Москва на 18 март, а на 16 март жителите на Крим преку референдум одлучија да се присоеднинат кон Руската Федерација.