Руската полиција формира бригада ирваси

Полицијата од руската област Урал побара формирање бригада на ирваси за подобро справување со криминалците, затоа што моторните санки често им се расипуваат поради ниските температури, пишува лондонски „Independent“.

Локалните сили на безбедност, кои работат на температури што се често пониски од минус 20 степени, имаат брзи моторни санки, но тие возила често се расипуваат поради ниските температури.

– Ирвасите немаат такви грижи и затоа се во предност. Тие можат да дојдат до некои непристапни места на тундрата, каде што моторните санки не можат да дојдат. А често тие возила се крадат.