Руската полиција ликвидира двајца вооружени напаѓачи

Руската полиција ликвидира двајца вооружени напаѓачи
Руската полиција ликвидира двајца вооружени напаѓачи

Руските безбедносни сили минатата ноќ ликвидираа две вооружени лица во реонот на Ставропољ во јужна Русија, јави ТАСС.

Инцидентот се случил на еден локален патен правец кога полициска патрола се обидела да запре еден автомбил за рутинска контрола. Но, наместо да запрат, двете лица што се наоѓале во возилото отвориле оган од автоматско оружје кон полициската патрола .

Полицајците возвратиле на огнот и ги убиле двајцата напаѓачи.

Како што информираше полицијата, при инцидентот нема ранети или загинати припадници на безбедносните сили.

Полицијата започна истрага за инцидентот и за утвдрување на идентитетот на убиените напаѓачи.