Руската помош пристигна во Луганск

Првите камиони од рускиот конвој за помош пристигна во источниот украински град Луганск. Руската новинска агенција Итар-Тасс денеска јави дека возилата пристигнале и се истовараат пратките со прехрамбени производи и други основни продукти.

Се наведува и дека сите 250 камиони од конвојот се очекува да пристигнат во Луганск до крајот на денов. Руските власти соопштија дека конвојот носи околу 2000 тони помош. Итар-Тасс ја цитира портпаролката на Меѓународниот комитет на Црвениот крст која рекла и дека никој од нивните претставници не го придружува конвојот.

Минатиот месец, првиот руски конвој за помош чекаше на границата неколку дена пред да влезе на украинска територија без дозвола од властите во Киев, предизвикувајќи негодувања од украинската влада која го нарече потегот директна инвазија.