понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 59

Руски авион навлегол во израелски воздушен простор

Се случи мала грешка и пилотот навлезе 1,6 километри во израелскиот воздушен простор, рече Јалон. Веднаш стапивме во врска со него (со пилотот) и тој неодложно го промени курсот, и се врати во Сирија, изјави израелскиот министер за одбрана Моше Јалон..

Руски авион навлегол во израелски воздушен простор

Руски авион навлегол во израелски воздушен простор

Поврзани вести

Воен авион од руската авијациска група во Сирија навлегол по грешка од 1,6 километри во пределите на израелскиот воздушен простор, по што го напуштил, изјави денеска израелскиот министер за одбрана Моше Јалон.

– Се случи мала грешка и пилотот навлезе 1,6 километри во израелскиот воздушен простор, рече Јалон. Веднаш стапивме во врска со него (со пилотот) и тој неодложно го промени курсот, и се врати во Сирија.

Јалон не прецизираше кога бил регистриран инцидентот.

Тој истакна дека бидејќи руските авиони не нанесуваат удари врз Израел, не е неопходно автоматски да бидат соборени.

– Токму така како што ние не им пречиме (на руските военовоздухопловни сили) да дејствуваат и не се мешаме во Сирија, така и тие не ни пречат да летаме и да дејствуваме во согласност со нашите интереси, истакна израелскиот министер за одбрана.

Најчитани вести