Руски авиони над Средоземјето

Руската морнарица соопштила денеска дека нејзини морнарички авиони почнале вежба над Средоземното море.

Портпаролот на морнарицата, Вадим Серга вели за новинската агенција Интерфакс, дека авионите полетале од носачот на авионот „Адмирал Кузњецов“, кој минатата неддела се закотви на Кипар и дека маневрите вклучуваат тактика за борба против мети во воздух и други борбени техники.

Во вежбите учествуваат млазни авиони „Сухој СУ-33„ и противподморничките офанзивни хеликоптери Камов Ка-27.

Според портпаролот, вежбата ќе биде продолжена ако временските услови се погодни за тоа. Серга во соопштението на ја споменал кризата меѓу Русија и Украина околу полустровот Крим.