среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 20

Руски бомбардери биле пресретнати од летала на НАТО

Два руски бомбардери, од типот ТУ-160, биле вклучени во воздушни инциденти, со авиони на четири земји-членки на НАТО.

133374346

Поврзани вести

Бомбардерите првпат биле „уловени“ непосредно до воздушниот простор на Норвешка, како летаат кон југот на Европа, кон Шпанија.
Авиони на норвешкото воено воздухопловство, потоа на британскиот РАФ, како и на Франција и Шпанија, полетале кон руските бомбардери, секој заштитувајќи го својот воздушен простор.

Воени и безбедносни експерти забележуваат дека бројот на руските бомбардери кои биле пресретнати и на ваквите инциденти со авионите на НАТО, е значително зголемен последниве години и продолжува да расте.

Медиумите во Мадрид пишуваат дека инцидентот со руските „тупољеви„ се случил најужно од сите досегашни „блиски средби„ на Русија и НАТО.

Летот на руските бомбардери од северот на Европа кон југот и нивното прогонување од авионите на четири западни земји, се случил уште на 22 септември, но за него се разбра од соопштението на француското Министерство за одбрана во кое Париз известува дека авионите на овие четири членки на НАТО, се вклучени во патролирањето на Алијансата во реонот на Балтикот.

Исланд подоцна приговорил дека руските бомбардери летале „премногу блиску„ до цивилните авиони кои биле во воздухот тој ден.
Инцидентот доаѓа во време на засилена тензија меѓу Западот и Русија која се појави по случувањата во Украина и руската анексија на Крим што сега се уште поизострени, околу случувањата во Сирија.
Бомбардерите ТУ-160 се суперсонични летала, способни да носат нуклеарно оружје.

Најчитани вести