Руски борбени авиони над Украина, воени трупи на границата

Припадници на украинските вооружени сили распоредени на Крим поминаа на страната на локалните власти. Ројтерс јавува дека руските трупи и оклопните возила се собираат на границата со Крим, додека телефонските врски се во прекин. Проруските сили го заземаа терминалот за траекти на Крим. Рускиот премиер бара изградба на мост кој би ги споил Крим и Русија.

Ројтерс јавува дека министерот за одбрана на Украина изјавил дека руски борбени авиони влегле во воздушниот простор на Украина во текот на ноќтa. Тој наведе дека на украинските сили им пречел лет на странски авиони за да се спречи било каков напад.

Руската централна банка продала два отсто од своите златни резреви за да се обиде да го стабилизира курсот на рубљата која значително падна. Таа ги продаде резервите во вредност од 10 милијарди долари.
Сите патишта на Крим моментно се затворени и на нив се наоѓаат барикади. Полицијата го проверува секој кој сака да се упати кон Симферопољ или на југ, а единствен начин да поминете е да го покажите пасошот со кој ќе докажеете дека живеете во Крим.

Австрија моментно претседава со вонредниот Совет на Европа, кој беше свикан на барање на Украина.
Министерот за надоворешни работи на Австрија, Себастијан Курц преку својот Фејсбук профил изјави дека офцијална Виена свикала вонредна седница со Советот на Европа со која претседава.

Тој оцени дека ЕУ, Советот на Европа и Организацијата за европска безбедност и соработка, како и ОН мораат заеднички да дејствуваат во насока кон пронаоѓање на мирољубиво решение и смирување на ситуацијата во Украина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.