вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 45

Руски дисидент со маска на Путин пребегнал во Украина

133213986

Последни вести

Украинските власти соопштија дека рускиот дисидент Роман Ростовцев побарал политички азил во Украина.

Ростовцев е познат во руската јавност, како демонстрант против власта, кој на Црвениот плоштад во Москва протестира со маска на лицето, која го прикажува претседателот Владимир Путин.

На украинската територија, Ростовцев влегол од Белорусија, каде претходно допатувал..

На медиумите во Украина им изјавил дека побегнал од Русија затоа што се плашел од натамошните обвиинувања на руската тајна служба.

Украинските власти го прикажуваат Ростовцев како „прославен руски писател и јавна личност„ додека во Москва за него се зборува како за човек  „обучен да работи како  сметководител“.

Неговите подржувачи тврдат дека демонстрирајќи со маската на Путин тој бил уапсен „најмалку девет пати„ додека властите во Москва тврдат дека бил притворуван само затоа што го „прекршувал рускиот закон за демонстрации“.

Посматрачите во Киев и во Москва на „случајот Ростовцев“ гледаат како на дел од острата украинско-руска пропагандана војна , по анексијата на Крим од страна на Русија, во март 2014 и руската поддршка на сепаратистичките бунтовници во Источна Украина.

Најчитани вести