Руски експерти: Изјавите на Ердоган за рускиот гас предизборна реторика

Изјавите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во врска со купувањето на руски гас се предизборна реторика, а не реална намера, сметаат руски експерти, јави ТАСС.

– Разликите меѓу Русија и Турција во врска со Сирија постојат одамна, истакна заменик-директорот на рускиот Фонд за национална енергетска безбедност Алексеј Гривач.

Во Турција меѓутоа претстојат избори и Ердоган треба да добие дополнителни политички поени и тоа се објаснува со неговите зборови, поврзани со купувањето руски гас, рече Гривач.

– Ние сме потрошувач број еден на рускиот природен гас. Би било голема загуба за Русија да ја загуби Турција, изјави турскиот претседател, пренесува МИА.

Директорот на рускиот Институт за национална енергетика Сергеј Правосудов рече дека Ердоган има потреба да привлече нов националистички настроен електорат, за да победи на изборите, кои ќе се одржат за три седмици.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.