Руски Гаспром и продал на Европа 16 отсто повеќе гас лани

Светскиот енергетски гигант Гаспром, во 2013 година забележа одлични резултати во сите главни показатели на работењето, изјави денеска претседателот на Упрваниот одбор на Гаспром, Алексеј Милер.

„Гаспром во потполност одговори на порастот на побарувачката за рускиот гас во Европа, продавајќи 162,7 милијарди кубици и прикажа значаен раст од повеќе од 16 отсто во споредба со 2012 година, “ се наведува во соопштението на компанијата.

„Нашиот производствен капацитет сега изнесува 617 милијарди кубици гас, а стапката на задолжителни минимални резерви е 1328.Резервите со гас исто така пораснаа со пораст на производство на 487,4 милијарди кубици гас, што претставува пораст од 400 милиони кубици во споредба со 2012 година,“ наведе Милер.