Свет

Руски хакери извршија упад во компјутерскиот систем на Пентагон

Руски хакери извршија упад во компјутерскиот систем на Пентагон
Албански хакери го нападнаа сајтот на српскиот омбудсман

Група руски хакери успеале да упаднат во компјутерскиот систем на Министерството за одбрана на САД, објави американската телевизија ВАЈС Њуз, пренесе МИА.

Потврдувајќи го хакерскиот упад, американскиот секретар за одбрана Ештон Картер изјави дека нападот бил навремено блокиран.

Според Картер, засега не се познати мотивите на хакерите за овој напад врз системот на Пентагон.