Свет

нова воздушен инцидент во близина на руската граница Руски ловец пресретна американски разузнавачки авион над Црното Море

Руски ловец пресретна американски разузнавачки авион над Црното Море
© Фото : U.S. European Command

Руски борбен авион од типот „Су-27“ во понеделникот пресретнал над Црното Море американски разузнавачки авион од типот „ЕР-3Е Aries II“, соопшти руското министерство за одбрана, додека американската команда во Европа предупреди на опасен инцидент кој според неа се случил во меѓународните води.

Според командата на американската воена морнарица во Европа, рускиот „Су-27“ му се приближил на американскиот авион „ЕР-3Е Aries II“, на растојание од само еден и пол метар и „пролетал непосредно пред коридорот ЕР-3“. Инцидентот според соопштението од вторникот се одиграл на 29-ти јануари во меѓународниот воздушен простор.

Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Хедер Науерт, ја обвини руската страна за непочитување на меѓународните норми и за флангрантно кршење на договорот за „спречување инциденти над отворени води од 1972 година“. Американската дипломатија ја повикува Русија „да прекине со опасните интеракции кои ги загрозуваат екипажите“, односно кои „лесно може да доведат до несреќа“.

Претходно во понеделникот руското министерство за одбрана објави дека нејзино борбено летало пресретнало авион за радиоелектронско разузнавање „ЕР-3Е Aries II“ на американската воена морнарица над неутралните води. Екипажот на рускиот авион побарал идентификација од американскиот авион и го придружувал во согласност со сите безбедносни мерки тврди Москва. Истовремено се додава дека рускиот не му дозволил на американскиот авион да го наруши рускиот воздушен простор, по што се вратил во базата.

Руската страна истакнува дека летот на нејзиниот авион се одвивал „строго во согласност со меѓународните прописи, и немапо никаква вонредна ситуација“.