Руски научници открија напиток за вечна младост!

Руски научници тврдат дека откриле напиток, односно бактерија, која може да обезбеди вечна младост.

Истражувачите ја дешифрирале ДНК-та на оваа исклучително отпорна бактерија, особено имуна на студ и сега се обидуваат да ги издвојат гените кои и овозможиле да преживее милион години во најсурови услови.

Тестовите на бактеријата „ Бацилус Ф “, која била вбризгана кај глувци, покажале позитивни резултати.

-Во сите експерименти „ Бацилус Ф “ го стимулирал растот и го зајакнувал имунолошкиот систем, изјавил доктор Сергеј Петров од Истражувачкиот центар Тјумен во Сибир.

Бактеријата за време на целиот живот обезбедува активни биолошки супстанци кои го стимулираат имунолошкиот систем. Старите глувци не само што станале поживи, туку имале и малечки, објаснил епидемиологот Виктор Черњавски.

По екпериментот врз глувци спроведени се тестови на човечки келии за да се утврди дали бактеријата може да има позитивен ефект и врз човечкиот организам.

-Тестовите на човечки еритроцити и леукоцити се навистина оптимистични, тврди Петров.

bakterija1

Руските истражувачи, кои со својот експеримент предизвикале низа контроверзи и расправи, неодамна направиле неочекуван потег. Шефот на геокриолошкото одделение при московскиот универзитет, Брушков, ја вбризгал бактеријата во себе за да тестира како истата ќе влијае кај луѓето.

-По успешниот експеримент кај глувците и мувите, помислив дека би било интересно да ја испробаме неактивната бактериска култура, вели тој.

Тој признал дека е многу рано за носење било какви заклучоци, но додал дека веќе забележал одредени ефекти.

-Почнав подолго да работам, а веќе две години немам настинка, вели тој.

Рускиот научник, меѓутоа, не сакал да се изјаснува за нуспојавите.

-Можеби ги има, но тоа може да се открие само со помош на специјална медицинска опрема, рекол тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.