Македонија

Руски новинар убиен во Украина

Новинар на руската државна телевизија е убиен синоќа во Доњецк. Сега убиениот Анатолиј Клијан, синоќа снимал репортажа за регионот Донњецк. Тој заедно со група руски новинари биле да ги снимаат мајките на војниците кои од своите деца барале да се повлечат од војната.

„Штом дојдоа на местото се слушна пукање од огнено оружје. Анатолија беше смртно ранет во стомакот“, наведува руската државна телевизија.

Во инцидентот е ранет и шоферот кој ги возел новинарите. Тој е сместен во болница.

Клијан имал 68 години, а во текот на својата 40 годишна кариера снимил голем број на репортажи во конфликтни зони.

Од почетокот на немирите на истокот на Украина загинале неколку новинари, меѓу кои двајца се руски. Тие беа убиени на 17 јуни во Луганск. Руската државна телевизија за која работеле за убиството ја обвини украинската војска.

Кон крајот на мај во близина на Славјанск е убиен и италијански новинар со неговиот асистент.