Руски рецепт за каша што помага кај проширените вени

На порталот природна-медицина-рецепти.ком се појави руски рецепт за каша што ги раствора крвните згрутчувања. Овој рецепт се препорачува на сите што имаат проблеми со воспаление на површинските вени и кои страдаат од проширени вени.

Се што ви треба за да го подготвите овој лек е 250 грама лук и 15 лимони. Во блендер сомелете го лукот. Додадете ги добро измиените лимони (со се кора) и се заедно изблендирајте.

Се добро измешајте и ставете во стаклена тегла. Теглата немојте да ја затворате со капак, туку прекриете ја со газа.

Дневно пијте по една супена лажица од оваа мешавина, со чаша топла вода. Чувајте во фрижидер и конзумирајте редовно.

Пред употреба на овој природен лек, добро би било да се консултирате и со вашиот лекар.