Руски шпион уапсен во Њујорк

ФБИ објави дека вчера во Њујорк уапсила руски шпион, за кого смета дека е член на мрежата која собира економски податоци и им плаќа на жителите на Њујорк за соработка.

Јевгениј Бурјаков, алијас Зења, бил уапсен во Бронкс во понеделникот наутро. Се претставувал како работник во руска банка, навело американското министерство за правда и прецизирало дека други двајца помагачи на истата мрежа, заштитени со дипломатски имунитет, си заминале од САД, пишува Business Insider.

fbi-ruski-spiun-new-york-01

Двајцата наводни помагачи биле идентификувани како Игор Спорешев и Виктор Подобњи. Првиот бил трговски претставник на Руската Федерација во Њујорк од 2010. до 2014. година, а вториот бил аташе на мисијата на Руската Федерација во Обединетите Нации од 2012 до 2013. година, според податоците на американското министерство за правда.

Министерството во соопштението објаснило дека имунитетот не им овозможува конспирација и помош за Бурјаков во работата на нерегистриран руски агент во САД.