Руски воен авион пресретнал американски разузнавачки авион

Пентагон тврди дека руски воен авион Сухој Су-27 пресретнал американски разузнавачки авион РЦ-135 во меѓународен воздушен простор.

Рускиот Су-27 летал опасно близу и за малку ќе се судрел со американскиот авион на 7 април.

– При рутински лет на американскиот авион РЦ-135У во меѓународен воздушен простор бил пресретнат од руски Су-27 Фланкер, на небезбеден и непрофесионален начин, изјави Елејн Лејнз портпарол на Пентагон. Таа додаде дека САД ќе го пријават тој инцидент на Русија преку соодветни дипломатски и официјални канали