Свет

Руски војници „по грешка“ влегле во Украина

Руски војници „по грешка“ влегле во Украина

Руските војници кои беа заробени од украинските погранични сили, а потоа веднаш прикажани на домашните медиуми, навлегле во територијата на Украина „по грешка“ јавуваат медиумите во Москва, повикувајќи се на извори во руското Министерство за одбрана.

Според овој извор, војниците биле само во рутинска патрола, покрај руско-украинската граница и „инцидентно“ навлегле во Украина во „необележен сектор“ на граничната линија.

Неидентификуваниот извор на руската агенција вели дека сите Украинци кои сакаа да се вратат дома, беа вратени назад и никој од нив не беше користен за пропагандни потреби.

Властите во Киев претходно соопштија дека заробиле десетмина руски падобранци, давајќи прецизни детали за тоа од каде се и на кој род од војската и припаѓаат.

Заробените Руси беа прикажани на украинските телевизиски станици, а некои од нив беа натерани да дадат изјави дека „оваа војна не е нивна“.