Руски знамиња се истакнати на сите воени објекти на Крим

Руски знамиња денеска се ставени на сите воени касарни и управни згради на полуостровот Крим, соопшти началникот на генералштабот на руските сили Валериј Герасимов.

„Знамињата на Руската Федерација се истакнати денеска на сите 193 единици и воени институции стационирани на Крим,“ изјави Герасимов, а пренесуваат РИА Новости.

Како што изјавија украинските официјални лица, руските сили синоќа ја презеле контролата на последниот украински брод на Крим. Русија ја презема воената контрола на тој полуостров во период од три недели.

Украинските војници кои одлучија да ја продолжат службата во Украина ќе бидат вратени во таа земја со воз, бидејќи го предаваат оружјето на руските сили, изјави генерал Герасимов.

До 25 мај, околу 1500 украински војници се изјаснија за регистрација во Севастопољ.Украинскиот министер на одбрана Иго Тењук кој вчера поднесе оставка изјави дека од 18 илјади украински војници стационирани на Крим, само 4300 од нив одбрале да се вратат во Украина и да продолжат со служба во таа земја.