Рускиот пилот е убиен од Турчин, припадник на турска паравоена организација

Рускиот авион е убиен од Турчин, припадник турска паравоена организација
Рускиот авион е убиен од Турчин, припадник турска паравоена организација

Убиецот и измачувачот на рускиот пилот „, не е никако „Туркмен“, туку турски државјанин Алпарслан Челик, кој живее во турската провинција Елазиг. Тој, инаку е син на пензиониран мајор на турската армија и припадник на десничарската организација „Сиви волци“.

Јавна тајна е дека таа организација, која за потребите на турската држва се занимава и со нарко трговија, е под контрола на турската разузнавачка служба. Турција оваа екстремна исламистичка организација ја користи за извршување на „валкани“ работи. Има распространета мрежа поЕвропа, која се користи за заплашување и следење на политичките противници на режимот на Ердоган.

Присуството на припадниците на турските паравоени сили на северот од Сирија, каде што е соборен рускиот  СУ-24, зборува само дека таа операција е внимателно подготвувана и организирана. Така добро што во тој планински дел на северна Сирија каде што паднал авионот и каде што е убен пилотот, се нашле турските експозитури на „ЦНН“ и на „Фокс“.

Рускиот пилот е убиен од припадниците на турската паравоена организација „Сиви волци“, а не локални жители на тоа подрачје, како што официјална Анкара сака тоа да го претстави.