Познати причините за падот на рускиот Ербас

Борников додаде дека во авионот експлодирала рачно изработена бомба еквивалентна на 1,5 килограми ТНТ.

Дефинитивно можеме да кажеме дека рушењето на авионот е терористички напад. За време на летот била активирана експлозивна направа поради која авионот се распаднал во воздух, изјави тој.

Путин: Нашата војна акција не само што треба да се продолжи, туку мора да биде засилена за терористите да сфатaт дека одмаздата е неизбежна
Путин: Нашата војна акција не само што треба да се продолжи, туку мора да биде засилена за терористите да сфатaт дека одмаздата е неизбежна

Претседателот на Русија нагласи дека ќе бидат пронајдени и казнети оние што стојат зад нападот.

Нашата војна акција не само што треба да се продолжи, туку мора да биде засилена за терористите да сфатaт дека одмаздата е неизбежна, изјави Путин.