Анализи

Рускиот гасовод мина во турската територија Турски тек влезе во фазата од која „нема враќање“

Турски тек влезе во фазата од која „нема враќање“

Првата делници од морскиот гасовод Турски тек во саботата навлезе во ексклузивната економска зона на Турција, што мина незабележано во светските медиуми, но во Москва и Анкара велат дека тоа е моментот од кој „нема враќање“.

Според официјалниот оператор на проектот, „Pioneering Spirit“, најголемото светско пловило за поставување цевководи и градежништво на вода, овој настан бил одбележан со поставување на цевководните делници на руски и турски знамиња, коишто го симболизираат преминувањето на ексклузивната економска зона меѓу двете земји.

Настанот беше одбележан само во руските и турските деловни кругови, но зачудувачки медиумите не му посветија големо внимание. Меѓутоа, минувањето на гасоводот во територијални води на Турција, исто така, знали дека завршени се всушност работите на поставувањето на два крака од гасоводот, всушност првиот дела од паралелниот цевковод „Турски тек 2“ кој засега останува само на територијата на руската ексклузивна економска зона. Вкупно „Pioneering Spirit“ поствил 448 километри цевководи по двата крака од гасовод. За помалку од поволивина година беше изградена речиси четвртина од морскиот дел од овој гасовод. Според планираниот распоред на изградбата, транпосторот на гас преку „Турски тек“ ќе започне навреме, односно во декември 2019 година.

На пример на 1-ви ноември 2017 година е поставен рекордот за поставување на деловите од цевководот, кога биле положени 5,15 километри од „Турскиот тек“ за еден ден. Притоа тоа е изведено на длабочини во Црното Море од 2,171 метар што исто така претставува рекорд во оваа дејност.

Сега пловилото  „Pioneering Spirit“ ќе продолжи со поставувањето на првата линија од гасоводот до хабот на брегот на Турција. Потоа двата крака од „Турскиот тек“ ќе излезат на копнто кај Кијкеј, на стотина километри западно од Истанбул.

Ова, пак, значи дека изградбата на гасоводот „Турски тек“ преминува во фазата од која не може да биде прекината, иако не толку одамна како и во случајот на гасоводото „Северен тек 2“, силно се побунија и го минимизираа неговото значење САД. Имено, според документот објавен на интернет страницата на американскиот Стејт департментот, снакциите воведени за руските извозници и компании кои се занимаваат со градење на цевководи е се применуваат „само за проектите започнати на 2-ри август 2017 година или подоцна… а за почеток на проектот ќе се смета склучувањето на договорите“.

Според тоа, ниту „Северен тек 2“, ниту двете линии на „Турски тек“ не потпаѓаат под санкциите, бидејќи повечето од инвестициите за овие проекти се завршени пред споменатиот датум, а претходно се договрени и кредитирањата на двата проекта Но за „Турски тек“ може да има индиректни последици, единствено затоа што Германија, според сé судејќи нема да се откаже од довршувањето на „Северен тек 2’ кој ќе стане „главниот хаб за рускииот га за Европа“. И Германија и Турција, всушност, и покрај притисоците од Вашингтон не сакаат да се откажат од очигледните бенефити што ќе ги имаат по крајното завршување на гасните проекти со Русија, коишто најверојатно само ќе се зголемуваат.

Реакцијата на САД во прв ред се однесува на тоа што од двата споменати гасоводи нејзините сојузници на границата со Русија, во прв ред Украина ќе претрпат големи загуби. Само со почетокот на функционирањето на првиот крак на „Турски тек“, годишните приходи од транзитот на рускиот гас преку Украина ќе се намалат за половина милијарда долари, како што неодамна призна челникот на украинскиот енергетски холдинг Нафтогаз“, Андреј Коболев.

Меѓутоа, истото ќе се однесува и на Бугарија, каде што се измешани чувствата и дилемите потсетувајќи дека дека до неодамна „Турскиот тек“ се нарекуваше „Јужен тек“ и на веќе поставените цевки за него сотоеја бугарскотои руското знаме.

Договорот за проектот за овој гасовод беше потпишан во Истанбул на 10-ти октомври 2016 година. Руската државна Дума го ратификуваше договорот на 20-ти јануари, а горниот дом, Советот на Федерацијата на 1-ви февруари годинава. Гасоводот Турски тек е наменет за испорака на руски природен гас за Турција, како и „за осигурување на исполнувањето на руските обврски за испорака на гас во земјите членки на Европската унија“ по 2019 година“. Новиот гасовод нема да овозможи откажување од транзитот на енергенсот преку Украина, на што изразува загриженост Брисел, туку „ќе овозможи да се намалат значително ризиците поврзани со тоа“.

Договорот предвидува изградба на две линии од магистралниот гасовод по дното на Црното Море со капацитет од над 15 милијарди кубни метри гас секоја, кои би требало да бидат завршени во декември 2019 година. Инаку „Газпром“ претходно во септември лани објави дека веќе ги добил потребните дозволи од Турција за изведување на проектот.

Се претпоставува дека испораките на природен гас преку првиот цевковод ќе бидат наменети за потребите на турските потрошувачи, додека вториот е наменет за европскиот пазар, а неговото градење ќе биде овозможено откако ќе се добијат сите соодветни гаранции од Европската унија, за што неколкупати досега истакнаа од Москва.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган Ердоган на почетокот од август 2016-та по вторпат за неполн месец се сретна со рускиот колега Владимир Путин во Санкт Петербург, три седмици по неуспешниот обид за воен преврат во Турција од 15-ти јули, со што дефинитивно беше надмината длабоката дипломатска криза меѓу двете земји предизвикана од турското уривање на рускиот бомбардер и на тој економски форум, Ердоган тогаш вети дека проектот Турски тек ќе биде реализиран „што е поскоро можно“.

Москва на крајот од 2014 година го стави настрана и проектот Јужен тек, кој исто така требаше да ја снабдува јужна Европа со руски гас заобиколувајќи ја Украина, како резултат на трите ткн „гасни“ војни последната деценија со Киев, поради постојаните забелешки на Европската комисија дека со него се кршеле правилата за конкурентноста и со Анкара го договори проектот Турски тек.

Проектот предвидува изградба на гасовод преку Црното Море до европскиот дел на Турција и натаму кон границата со Грција. Должината на поморскиот дел од проектот е околу 910 километри, а копнениот по турската територија изнесува 180 километри. Капацитетот на секој од четирите цевководи е планирано да биде 15,75 милијарди кубни метри гас, а вкупната вредност се проценува на 11,4 милијарди евра.