Рускиот мафијашки бос уапсен во Тајланд

Еден од водачите на руската мафија Александар Матусов, обвинет за десетина убиства и други криминални активности, уапсен е во Тајланд, каде што живеел на основа на пензионерска виза, соопштила полицијата.

Матусов е уапсен во понеделник, 23 јуни, пред супермаркетот во летувалиштетот Сатахип во Провинцијата Чонбури, рекол шефот на полицијата на Тајланд Вут Липтапанлоп.

Тој додал дека 52 годишниот Матусов прв пат влегол во Тајланд во 2009 година на основа на лажен ерменски пасош.

Рускиот дипломат во Банког Алексеј Фалуњин рекол дека мрежата на Матусин „Челково“ била активна од 1995 до 2009 година на лош глас заради убиства, изнуда и киднапирања во регионите на Москва и Санкт Петербург.

„Тие се одговорни за голем број убиства и нивното апсење е многу значајно за нас“ рекол Фалуњин за новинските агенции.

Русија издала налог за апсење на Матусов и другите членови на бандата заради убиства на четири припадници на соперничката група во 1996 година.