ФОТО+ВИДЕО: Со полна пареа се гради рускиот мост до Крим

Со полна пареа се гради рускиот мост до Крим. Копнена Русија е на само чекор со тоа да добие директна поврзаност со Крим јавува Раша тудеј.

Работниците градат привремени мостови што ќе ја носат конструкцијата и ќе доставуваат материјали до местото на изградбата. Таму ќе има три моста, а едниот од нив е веќе во функција.

most-krim-2

Единствената копнена граница на полуостровот Крим е со Украина, но моменталните патнички и достави на роба се вршат со директни летови и фериботи од пристаништата во Русија.

рускиот мост до Крим ќе биде долг 19 километри, а се очекува да биде завршен во октомври 2018-тата. Тој ќе ја поврзе Русија со Крим без притоа да биде вклучена Украина.