Свет

Рускиот опозиционер Навални пуштен од притвор

Рускиот опозиционер Навални пуштен од притвор

Популарниот руски критичар на политиката на официјален Кремљ, Алексеј Навални, денеска е пуштен од притвор во Москва, една недела по убиството на опозицискиот лидер Борис Немцов, кое неговите сојузници го сметаат за политичко убиство, чија цел е опозицијата да се застраши, пренесува МИА.

Навални е пуштен на слобода по 15 дена минати во притвор.

Тој беше уапсен заради тоа што во  московското метро делел рекламни флаери за протестот планиран за 1 март, наведуваат британските медиуми.

Овој протест се претвори во своевидна комеморативна прошетка за Немцов, кој беше убиен на 27 февруари вечерта во близина на Кремљ.

Навални пред затворот во западниот дел на Москва го сочекаа неговиот помошник за медиуми и уште еден соработник и тој рече дека оди дома.