Рускиот тенисер Давиденко му се посветува на бизнисот

Рускиот тенисер Николај Давиденко одлучи да ја заврши кариерата и да се обиде подобро да заработува.

Како што пренесуваат руските медиуми, 33-годишниот Давиденко изјавува дека одлуката за повлекување од тениската кариера ја донел во јуни и дека во иднина ќе биде посветен на приватниот бизнис.

„Одлуката за пензионирање ја донесов во јуни, по Ролан Гарос. Почувствував дека не можам да го постигнам резултатот кој го посакувам. Чакав да се разбудам и да ја објавам одлуката за повлекување“, рече Давидеко, а пренесуваат медиумите.

Давиденко во текот на својата кариера освои 21 титула, вклучувајќи и три Мастерси, а најдобриот пласман на АТП листата ја оствари на 6-ти ноември 2006 година, кога беше трет.

Настапувајќи за репрезентацијата на Русија успеа да го освои Дејвис купот 2006-та година.

„Го променив костумот и морам да се навикнам на тоа. Ќе се занимавам со приватен бизнис, не можам да откријам кој, туку само ќе кажам дека се работи за финансии“, додаде Давиденко.