Руските авиокомпании ја менуваат трасата во регионот на Синај

Руските авиокомпании ја менуваат трасата во регионот на Синај
Руските авиокомпании ја менуваат трасата во регионот на Синај

Руските авиокомпании „Уралски авиолинии“ и „Нордвинд“ ја променија трасата по која летаат од египетското летувалиште Шарм ел Шеик за Москва.

Тие веќе го заобиколуваат северниот дел од Синајскиот Полуостров.

Ербас на руската компанија „Когалимавиа“ се урна на Синајскиот Полуостров во саботата 23 минути по полетувањето од Шарм ел Шеик за Санкт Петербург. Во несреќата загинаа сите 224 луѓе во авионот.

Претходно двете најголеми европски авиокомпании, германската „Луфтханза“ и „Ер Франс КЛМ“ одлучија да не летаат над Синајски Полуостров се додека не се утврдат причините за падот на рускиот патнички авион. Ваква одлука донесе и една од најголемите компании во светот, „Емирејтс“ од Дубаи.