Руските бомбардери уништија подземни скривници на ИД (ВИДЕО)

Руските бомбардери уништија подземни скривници на џихадистите
Руските бомбардери уништија подземни скривници на џихадистите

Руската авијација синоќа извела 22 борбени летови и бомбардирала 27 објекти на терористите во Сирија, вклучително и нивни скривници, изјавил претставникот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор, Игор Конашенков.

Тој воедно посочил дека бомбардерите „Su-25“ и „Su-34“  нападнале осум упоришта на екстремистите во провинцијата Хомс.

Конашенко кажал дека со авиобомби за пробивање на бетонот се погодени подземни скривници на екстремистите во населбите Арафит и салма, како и декаа неколку авиони „Su-25“ уништиле една база на Исламската држава сокриена во шума.

Конашенко додал дека запдните колеги не одговараат ни на барањата на Русија за контакти со умерената сириска опозиција, поради што се наметнува заклучокот дека таа е „фантомска“, која наводно има поддршка од Западот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.