среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 13

Руските бродови стигнаа во Средоземното Море

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, наведе дека Москва била изненадена што некои земји одбиле да ги примат руските бродови на нивното пристаниште, оценувајќи дека западните „колеги треба да одлучат дали се борат против терористите или против Русија“.

brodovi

Последни вести

Руските бродови, предводени од носачот на авиони „Адмирал Кузњецов“ и крстосувачот „Петар Велики“, пристигнаа денеска во Средоземното Море.

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, наведе дека Москва била изненадена што некои земји одбиле да ги примат руските бродови на нивното пристаниште, оценувајќи дека западните „колеги треба да одлучат дали се борат против терористите или против Русија“.

– Движењето на нашите бродови предизвика бура меѓу нашите западни партнери, но најголеми изненадување е тоа што некои земји, под притисок на ЕУ и САД, јавно го одбија пристапувањето до нивните пристаништа, истакна Шојгу.

Рускиот министер за одбрана нагласи дека тоа не влијаели на движењето на бродовите.

Најчитани вести