Руските мотоциклисти не се добредојдени во Полска

Руските мотоциклисти, меѓу кои ќе бидат и членовите на групата Ноќни волци, коишто наводно се блиски со претседателот Владимир Путин, најавија дека за време на свеченото возење до Берлин по повод одбележувањето на 70-годишнината од крајот на Втората светска војна ќе поминат и низ Полска, што предизвика бурни реакции таму, пишува српски „Курир“.

Руската Федерација за мото туризам најави дека по повод 70-годишнината од победата над нацизмот ќе организира свечено возење од Москва до Берлин, каде мотоциклистите би требало да пристигнат на Денот на победата над фашизмот, 9-ти мај. Мотоциклистите планираат да поминат низ Белорусија, Полска, Словачка, Австрија и Шечка и да постета повеќе споменици од војната, меморијални музеи за холокаустот и гробишта на советски војници, најави Федерацијата.

ruski_bajkeri_2

-Оваа акција нема за цел изразување на политички ставови, туку поттикнување на патриотските чувства на учесниците, изјавил организаторот на настанот Андреј Бобровски, кој навел дека на возењето ќе се приклучат околу 30 до 40 моторџии.

Штом Русите ги објавија своите планови, на Фејсбук се појави група од Полска под наслов „Не за поминување на руските бандити низ Полска“. Покрај тоа повеќе од 8.000 Полјаци потпишаа петиција во која се наведува дека на мотоциклистите од Русија би требало да им се забарни да поминуваат низ земјите на ЕУ и да ја преминат границата со Полска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.