Руските олигарси се свртеа против Путин

Шефот на германското разузнавање, на затворена седница на одборот за надворешни работи во Бундестагот изјавил дека започнале да се забележуваат „пукнатини“ во обединетиот фронт помеѓу Путин и олигарсите.

Откако Америка, а многу скоро и ЕУ поради ситуацијата во Украина започнале да воведуваат санкции против Русија, олигарсите кои до сега на Путин му ја даваа безрезервната поддршка, започнале да стравуваат за нивните бизнис планови на запад.

Некои од нив, според германската разузнавачка служба на кои се повикува Шпигл, одлучиле да му дадат до знаење на Путин дека е време да ги смири геополитичките апетити.

Герхард Шиндлер, кој е шеф на германското разузнавање, како што пренесува Шпигел, на германската канцеларка Ангела Меркел лично и рекол дека помеѓу руските елити избило големо несогласување. Помеѓу олигарсите и политичарите од Русија има луѓе кои се обидуваат да влијаат врз Путин.