Свет

Руските служби во 2016 спречиле повеќе од 40 терористички напади

Руските служби во 2016 спречиле повеќе од 40 терористички напади

Според соопштението, биле пресретнати терористички акции во Москва, Санкт Петерсбург, сибирскиот град Краснојарск, и во кавкаската република Ингушетија.

На 2 мај лани, на пример, тие откриле терористи од Исламска држава, кои организирале напад во руската престолнина за време на Светското првенство во хокеј.

Тие чудовишни злосторства можеа да земат илјадници жртви, истакна Куљагин.

„Се помалку луѓе од Русија заминуваат во редовите на ИД“, дополни Андреј Пржездомски, советник на претседателот на НАК.