Руските војници се повлекуваат по воената вежба

Рускиот претседател Владимир Путин нареди руските војници да се повлечат во своите бази по воените вежби во Ростовската област во блзиина на границата со Украина, соопшти портпаролот на Кремљ.

Повлекувањето на војниците доаѓа пред очекуваниот состанок на Путин и украинскиот претседател Петро Порошенко во Милано следната недела.

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу го известил Путин за завршување на летниот период на обука на стрелиштата во јужната воена област. По извештајот Путин наредил да започне повраток на војниците во нивните стални бази. На стрелиштето во Ростовскиот регион во текот на летото се обучувале вкупно 17.600 лица.