Руско-ирански преговори за нафтата ги загрижуваат САД

Извештајот за преговорите за мултимилионски договор за продажба на иранската нафта на Русија, ги загрижува САД.

Администрацијата на претседателот Барак Обама ги разгледува можностите од последиците на санкциите , кои би настанале ако руско-иранскиот договор биде постигнат. Истите би биле наметнати на Иран поради загрозување на договорот за иранско нуклеарно оружје.

Рускиот економски весник „Комерсант“ извести дека Русија планира купување на 500 илјади барели иранска нафта дневно, со што би се надминала извозната граница поставена со договорот за иранскиот нуклеарен потенцијал кој таа земја го постигнала со светските сили при крајот на минатата година.

Москва и Техеран се далеку од склучување на договор, но во САД веќе изразија загриженост.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.