Руско МНР: Се продлабочува политичката криза во Македонија

мнр

Оттаму додаваат дека станува очигледно оти вештачки предизвиканите вонредни парламентарни избори што се одржаа на 11 декември 2016 година не придонесоа за решавање на ситуацијата.

Под псевдодемократски слогани продолжува длабокото надворешно влијание врз политичките сили во Македонија, се нагласува во реакцијата од руското МНР.

Целта, потенцираат,  е очигледна, западот да расчисти со македонските политичари кои не му се омилени и покрај јасно изразената волја на граѓаните на изборите во полза на коалицијата „За подобра Македонија“ на чело со Никола Груевски и ДУИ на Али Ахмети.

Од руското МНР истакнуваат дека „особен немир предизвикува фактот што во мултиетничка и мултикултурна Македонија каде имаше тежок меѓунационален конфликт политичарите од една етничка заедница врз основа на надворешно диктирани ултимативни барања фактички решаваат кој од блоковите на другата заедница да влезе во составот на идната владина колаиција“.

Бесрамното макијавелистичко манипулирање со волјата на гласачите може да предизвика ескалација на состојбата во Македонија и да ја наруши кревката стабилност во целиот регион, истакнува Министерството.

Убедени сме, потенцираат од руското МНР, дека само со целосно отфлање на штетните надворешни влијанија и со фокусирање на вистинската демократија, и самостојно решавање на внатрешните проблеми се основа за зацврстување на довербата меѓу народите кои живеат тука и формирање регионална клима за безбедност.