ФОТО: Најновото руско оружје на „Исламска држава“ сее страв и трепет

Џихадистите на „Исламска држава“ сеат страв и трепет кај своите непријатели на боиштата во Сирија со своето најново руско оружје.

Имено, тие успеале да претворат камион кипер од типот БелАЗ, кој во минатото бил користен за изградба на патишта во Сирија, во тешко оклопно возило за напади и за самоубиствени атентати. Фотографија од ова „чудовиште“ била објавена на социјалната мрежа „Твитер“.

Според непотврдени информации, гигантскиот камион бил фотографиран пред нападот на „Исламска држава“ врз авиобазата Т4, која била под контрола на сириските вооружени сили, а која се наоѓа на околу 100 километри од градот Хомс и на 60 километри од историскиот град Палмира, кој џихадистите го освоија и вопсоставија своја власт пред извесно време.

islamska drzava rusko oruzje sirija
Исламска држава со своето стравично руско оружје

Инаку, базата се смета за стратешко место бидејќи е лоцирана точно на средина меѓу главното упориште и престолнина на „Исламска држава“ Рака, и главниот град на Сирија, Дамаск. Претпоставките се дека во Т4 има огромни количества на борбени авиони, бомби, разновидно тешко оружје и разни видови на армиски возила.

Фотографија на која „чудовиштето“ на „Исламска држава“ БелАЗ е паркирано до камин цистерна, наменет за превоз на нафта.

islamska drzava rusko oruzje Sirija
Исламска држава со своето стравично руско оружје