Руско-српски одред започна операција за деминирање во Србија

Прес службата на руското Министерство за цивилна одбрана и вонредни ситуации соопшти дека руско-српски одред почна операција за деминирање во Србија.

Заедничкиот одред Емерком Деминг во кој се вклучени специјалци од руското Министерство за цивилна одбрана е базиран во Параќин.

Откако одредот доби одобрување од Центарот за демонирање на Република Србија, почна операцијата. Деминирањето ќе трае шест месеци.

Оваа година специјалци од Русија и Србија ќе продолжат да расчитуваат територија крај Параќин. Со проектот е опфатена територија со плоштина од околу 580 илјади квадратни километри.