ВИДЕО: Руското вселенско летало Сојуз успешно лансирано

Руското вселенско летало Сојуз утрово беше успешно лансирано од рускиот космодром Бајконур во Казахстан, јавува Раша тудеј.

Леталото утрово беше лансирано од станицата за лансирање на Гагарин со што беше означена историската пресвртница за космодромот Бајонкур. Вселенското летало Сојуз беше лансирано со тричлен екипаж кој се упати кон Меѓународната вселенска станица.

Руското вселенско летало Сојуз утрово беше успешно лансирано
Руското вселенско летало Сојуз утрово беше успешно лансирано

Во руското вселенско летало Сојуз се наоѓаат тројца астронаути – Русинот Сергеј Волков, Казахстанецот Адин Аимбетов и Данецот Андреас Могенсен, кои за два дена треба да стигнат на Меѓународната вселенска станица.

Инаку, ова е петстотото по ред лансирање од истото место од каде беше лансирано вселенското летало Сојуз на Јури Гагарин на 12-ти април во 1961-вата година.

Како што соопшти Контролната мисија на Земјата, членовите на посадата се добро и се е под контрола.

Вселенското летало ќе оди на подолг дводневен пат кон МВС. За време на еднонеделната промена на екипажот, девет лица ќе го делат просторот во вселенската станица.

Овој лет е невообичаен затоа што двајцата инжинери за летање кои што се во леталот Сојуз нема да останат на МВС подолг период, туку ќе се вратат на 11-ти септември. Пристигнувањето на вселенското летало Сојуз на МВС ќе се заврши експедицијата 44 и ќе се означи почетокот на експедицијата 45.