Свет

Руслана дел од новата Влада во Украина?

Руслана дел од новата Влада во Украина?

Познатата украинска пејачка Руслана, може да стане дел од новата Влада на Украина, пренесе весникот „Аргументи и факти“, повикувајќи се на пратеникот од партијата „Баткивштина“, Андреј Павловскиј.

Пратеникот истакна дека Руслана, која беше активен учесник во антивладините протести во Киев, може да влезе во новиот кабинет, како претставник на граѓанското општество.