Русокосиот ангел останува во Грција

Судот во грчкот град Лариса не дозволи русокосиот ангел Марија да се врати кај нејзината мајка во бугарскиот град Николаево. Грчките судии одлучија дека хуманитарната фондација „Насмевка на детето“ добива целосно старателство на малата Марија. Девојчето беше пронајдено во октомври во ромски камп во Фарсала, Грција, кај непознати лица што се претставиле како нејзини родители. По голема меѓународна истрага, нејзините биолошки родители беа пронајдени во Бугарија.

Судиите сепак беа категорични во одлуката дека детето мора да остане во фондацијата, што ќе се грижи на најдобриот начин за Марија. Во меѓувреме двојката што се претставуваше како да се биолошките родители на девојчето остануваат во притвор под обвинувања за фалсификување на документи и киднапирање.

Вчера мајката на русокосиот ангел Сашка изјави дека сака да си го врати детето.

„Јас сум нејзината вистинско мајка. Таа е моја. Не сакам да ја оставам во Грција. Јас не сум ја продал и нема да ја оставам во Грција. Сакам Марија да се врати во Бугарија“, изјавила мајката Сашка Русев.