Руте: Европа има шест до осум недели за да ја реши бегалската криза

Холандскиот премиер Марк Руте денеска во Давос изјави дека Европа има само шест до осум недели за да ја реши бегалската криза.

Имаме шест до осум недели, истакна Руте за време на Светскиот економски форум во Давос.

Тој оцени дека Шенген зоната може да биде спасена, но прво ЕУ треба да усвои механизам, кој ќе го замени неуспешниот систем од Даблин, со што се предвидува мигрантите да бараат азил во првата земја-членка на Унијата, на чија територија ќе влезат.