С.Арабија го протерува канадскиот амбасадор и ги прекинува трговските односи

Саудиска Арабија објави во понеделникот дека ги прекинува трговските односи и инвестициите со Канада поради мешање на оваа држава во внатрешните работи на ултраконзервативната сунитска монархија.

Саудиското министерство за надворешни работи во серија витови наведе дека гп протерува канадскиот и го повлекува својот амбасадор од Канада. Овој потег е реакција на изјавата на Канада дека е „многу загрижена“ поради апсењето на неколку активисти за човекови права.

Меѓу нив е и поборничката за правата на жените, американска државјанка од саудиско потекло, Самара Бадави. Таа веќе подолг период повикува на укинување на обичајот според кој Саудијките за сите важни одлуки мора да добијат дозвола од машките членови на семејството.

„Нема да дозволиме никакво мешање во нашите внатрешни работи“, објави саудиската дипломатија. Со тоа алудираше на минатонеделното соопштение на канадското министерство за надворешни работи коешто од Ријад бараше „моментално ослободување“ на активистите.

Саудиското министерство тоа го оценува како „напад врз монархиата“ и најави дека ќе ја замрзне сета трговија и инвестициите со Канада, како и дека ќе го протера канадскиот и ќе го отповика својот амбасадор.

Споменатите апсења на кои реагираше Канада се во контрадикторност со напредниот имиџ кој го гради владата водена од престолонаследникот, принцот Мохамед бин Салман. Тој минатата година доби меѓународни пофалби поради одлуката за укинување на со децении долгата забрана жените да управуваат автомобили.

Поборничките на правата на жените, вклучително и оние кои беа упсени поради кршењето на оваа забрана, ја прославија таа одлука, но и предупредија на низа други закони коишто ги диксриминираат жените. Така Саудијките мора да се придржуваат до строгите правила за облекување, не смеат да се во друштво на мажи кои со коишто не се во сродство самите или нивните сопрузи, и од своите мажи, татковци или браќа треба да добијат писмено одобрување доколку сака да патува, работи или да се лекува.

Бин Салман во ноември минатата година спровде жестока антикорупциска кампања во којашто беа уапсени десетици принцеви значајни деловни луѓе одкои според процените се апленети 107 милијарди долари.