Сѐ поголем број граѓани се собираат на протест пред штабот на СДСМ

Граѓани незадоволни од одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да ги помилува Зоран Заев и Зоран Верушевски масовно се собираат во знак на протест пред седиштето на СДСМ.

Демонстрантите сметаат дека е неприфатливо по втор пат двајцата да бегаат од лицето на правдата и да го избегнуваат законот.

Зоран Заев беше обвинет за шпионажа и уценување и заканување против високи државни фукнционери, додека Верушевски за велепредавство и незаконско прислушување.

Денес Претседателот Иванов донесе општ акт за аболирање на сите обвинети политичари од СЈО со цел да се смири тензијата помеѓу партиите.