Свет

Саакашвили протеран од Украина, пристигна во Варшава

Саакашвили протеран од Украина, пристигна во Варшава

Опозицискиот украински политичар, поранеше грузиски претседател, Михаил Саакашвили кому минатото лето му беше одземено украинскиот државјанство, обвинет е дека сакал да изведе државен удар, уапсен е и протеран во Полска, каде што е потврдено дека пристигнал.

„Таа личност (Михаил Саакашвили – з.р.) илегално се наоѓала на украинската територија и затоа е испратена кон земјата од којашто пристигнала, кршејќи го украинскиот закон“, наведува украинската погранична служба во соопштението за јавноста.

„Се јави телефонски. Во Варшава е“, напиша на Facebook Давид Сакварилдзе, член на политичкото движење на Саакашвили.

Претходно е објавено дека украинскиот опозициски лидер во текот на понеделникот го привеле непознати лица. Се шпекулираше дека станува збор за миграциската служба, како и дека би можел да биде протеран откако судот во Киев на 5-ти февруари би го одби барањето да не биде израчен.

Претседател на Грузија девет години до 2013 година, Саакашвили по покана на украинскиот претседател Петро Порошенко се пресели во Украина по тамошниот државен преврат поддржан од Западот, и беше регионален гувернер од 2015 до 2106 година во Одеската област, населена претежно со руско и рускојазично население којашто е под контрола на силите лојални на Киев. Таа позиција ја напушти по кавгата со Порошенко, кого го обвинува за раширената корупција во Украина.

Саакашвили ги предводеше протестите и повикуваше на соборување на украинскиот претседател Петро Порошенко и на парламентот, кои ги оббвинува дека не сториле доволно во борбата против корупцијата.

Обинителството, меѓу другото, го обвинува Саакашвили кој беше западен сојузник во Грузија, дека помагал криминална организација. Дури е обвинет дека наводно примил пари и од поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, во чиешто соборување со помош на Западот учествуваа и грузиски платеници, за наводно да организира државен преврат. Доколку се утврди вината на Саакашвили, би можел да добие до пет години затвор.

Некогашниот негов сојузник, украинскиот претседател Порошенко му помогна на Саакашвили да дојде во 2015 година во Украина и да стане гувернер на регионот Одеса на Црното Море, со мнозинско рускојазично население. По година и пол Сакаашвили поднесе оставка на должноста, обвинувајќи го Порошенко за вкоренета корупција и барајќи негова оставка.

Додека Саакшвили минатата 2017 година неколку месеци престојуваше надвор од земјата, Порошенко му го одзема државјанството коешто експресно му го издаде пред две години, откако имаше шпекулации дека ќе се кандидира за претседател. Саакашвили во ланскиот септември илегално влезе во Украина минувајќи ја границата со Полска во текот на масовниот судир на неговите приврзаници и украинската полиција.

Иако ужива безрезервна поддршка меѓу своите приврзаници, Саакашвили во Украина има доста мала поддршка. Само 1,7 отсто од гласачите ја поддржуваат неговата партија Движење на новите сили, покажува анкетата која во октомври ја спроведе Центарот Разумков од Киев.

Неговите приврзаници го сметаат за бестрашен борец против корупцијата, додека критичарите сметаат дека има малку веродостојна содржина зад неговата реторика.